Истече плин од вкопана цистерна на бензинска меѓу Охрид и Струга, настанал дефект на вентилот

Макфакс

19/09/2026

13:30

1.325

Големина на фонт

а а а

Во близина на патот помеѓу Охрид и Струга, на бензинска станица дојде до дефект на вентил кој предизвика истекување на плин од вкопана цистерна. На местото интервенираа полиција и противпожарна единица, а по сервисна интервенција беше поставена нова опрема за безбедност.

Во СВР Охрид вчераутро било пријавено дека на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, настанал дефект на вентил за плин, по што имало истекување на плинот. „По налог на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски и екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, при што е констатирано дека испарувањето на плинот било преку проточен вентил од просторот на оградените инсталации за течен нафтен гас од вкопана цистерна“, соопшти СВР Охрид.

По интервенција на овластен сервисер, безбедно било извршено поставување на нов сет опрема.