“Microsoft” објави дека наскоро ќе престане да го поддржува носталгичниот “Internet Explorer” и дека ќе го укине програмот до 2021 година.
Според најавата, поддршката за овој пребарувач завршува на 30 ноември оваа година за веб апликацијата “Microsoft Teams”, додека преостанатата поддршка за неговата мрежна услуга како што се “Office 365”, “OneDrive” и “Outlook” ќе престане на 17 август 2021 година.
“Купувачите одамна користат “Internet Explorer” и некогаш онлајн опкружувањето беше многу помалку софистицирано отколку денес”, велат од “Microsoft”.
“Оттогаш отворените веб стандарди и новите пребарувачи – како новиот “Microsoft Edge” – овозможуваат подобри, поиновативни искуства во мрежата. Веруваме дека претплатниците на “Microsoft 365”, и во потрошувачки и во комерцијален контекст, ќе бидат добро послужени од оваа промена”, додаваат од компанијата.
“Microsoft Edge” веројатно ќе остане единствениот пребарувач на “Microsoft”, иако се споменува и креирање на нов пребарувач кој ќе биде конкурент на популарниот “Chrome”.