Ќерката на Синди Крафорд, манекенката Каја Гербер (24) и нејзиното момче, актерот Луис Пулман (32), неодамна биле фотографирани на плажа во Лос Кабос, во Мексико.
Новопечениот пар ги искористил празничните денови за одмор и уживање во слатката љубов.
На плаѓата Гербер се појавила во минијатурно бикини – темносин горен дел и танга гаќички. Нејзиното издание го привлекло вниманието на бројни фотографи, па фотографиите осамнале на мрежите.
Од друга страна нејзиниот избраник – Пулман носел дол шорц за капење.
Потсетуваме, парот првпат беше поврзуван во јануари 2025 година, кога биле забележани на роденденската вечера на Пулман.

Врската јавно ја потврдиле во септември на Филмскиот фестивал во Венеција, каде што размениле романтичен бакнеж пред фотографите.