Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ приватно не е толку воздржан како пред камерите.
Британскиот актер Чарлс Денс (73), во последно време е најпознат по својата улога во хит серијата „Игра на тронови“, а овој викенд тој во Венеција го промовирал новиот филм, но исто така пронашол време и за себе.
Овој 73-годишен актер фотографите го уловиле во друштво на младата убавица со која што разменувал нежности и се бакнувал со неа во морето.
Тој гордо ги покажал своите мускули, а со својата девојка веројатно уживал цело попладне.

Чарлс кој го глумеше Тивин Ленистер во „Игра на тронови“, беше во брак со Хуана Хејторн од 1970-та до 2004-та година, а поранешниот пар има две деца.
По разводот тој бил во врска со актерката Софија Мајлс, која во тоа време имала 20-на години, но љубовта не прашува за години.
Него исто така го поврзувале и со манекенката Шамбала Марте, а со актерката Еленос Бурман бил во врска четири години.



