[ФОТО] „Најубавата водителка на светот“ позирала во костими за капење од луксузен бренд: Нејзиниот сексапил е вирален

Супермен

02/06/2026

21:54

975

Големина на фонт

а а а

Мајa Џама повторно го привлече вниманието на фановите, овој пат со нова кампања за луксузниот бренд за костими за капење „Agent Provocateur“.

Популарната британска водителка позирала во неколку атрактивни комбинации, а промотивните фотографии брзо станаа вирални.


Позирала во неколку модели на костими за капење

Во кампањата таа ја претставила претстојната колекција која совршено ја истакнува нејзината фигура. Позирала во црн едноделен костим за капење со отвори, кафеаво бикини со точки и црно бикини со мотив на цреши. Покрај тоа, се фотографирала и во минијатурно сребрено бикини, како и во провокативна кожна креација.


Фотографиите се снимени на различни локации, меѓу кои се базен, тераса со лежалки, тениски терен и простор меѓу палми, со што познатата водителка покажала дека е подготвена за работно лето кое ѝ претстои.


Започна новата сезона на „Love Island UK“

Освен кампањата, Мајa Џама овие денови има уште еден голем професионален ангажман. Со почетокот на новата сезона на популарното британско реалити шоу „Love Island UK“, таа се врати и на малите екрани како водителка на емисијата која ја направи едно од најпрепознатливите лица на британската телевизија.

Непосредно пред првата епизода таа се огласи на Инстаграм и ги воодушеви следбениците. „’Love Island’ сезоната е тука! Се вративме“, напишала таа покрај серија фотографии. На првата фотографија позирала во смел бел комплет со чипкан градник и тесно здолниште, со високи бели штикли. Во објавата споделила и фотографии во едноделен костим за капење со голем отвор на стомакот.


Објавата собрала повеќе од 129 илјади лајкови, а комплиментите од обожавателите брзо се редеа. „Сензационална си“, „Кралице, изгледаш феноменално“, „Благослов за нашите екрани“ и „Ми треба сопруга и сакам тоа да бидеш ти“, се само дел од коментарите.

Мајa Џама ѝ се приклучи на екипата на „Love Island UK“ во 2023 година, во деветтата сезона на шоуто, и од тогаш редовно привлекува внимание со своите модни комбинации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk