Министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу соопштил дека ја примил вакцината против Ковид-19.
Тој тоа го изјавил за време на состанокот со претставниците на земјите од ЗНД, ШОС и ОДКБ во паркот Патриот, каде се одржува меѓународниот воено-технички форум „Армија 2020“.
„Одговарајќи на прашањето на странските колеги, Сергеј Шојгу рече дека неодамна ја примил вакцината против коронавирусот“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана на Русија.
Претходно руските медиуми пренесоа дека вакцината ја примил градоначалникот на Москва, Сегеј Собјанјин.
Да потсетиме, Русија на 11-ти авуст ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот. Оттогаш руската вакцина е една од главните теми во медиумите ширум светот.
Додека од Западот пристигнуваат обвиненија за 'валкани трикови' во трка да се биде прв, многу држави покажуваат голема заинтересираност да ја купат.