Пратеникот од Лабуристичката партија на Западна Австралија, Кајл Мекгин, предизвика шок во парламентот откако одлучи на навистина невообичаен начин да го одбележи својот последен ден како пратеник.
Мекгин, кој во два мандата беше член на Парламентот за прашања поврзани со рударство и сточарство, го заврши својот проштален говор со типично австралиско збогување кога ја соблече патиката, налеа пиво во неа и потоа го испи.
Пред да го стори тоа, Мекгин им се заблагодари на своите избирачи и нагласи дека е навикнат сите да го критикуваат.
„Долго и напорно размислував како да го завршам овој говор и мислам дека моите избирачи во Голдфилдс ќе бидат особено благодарни. Постои само еден начин да се направи тоа, а јас сум навикнат да ме критикуваат, па затоа можеме да го завршиме ова сега, но би сакал да им кажам на членовите и избирачите ширум Западна Австралија, ви благодарам за двата фантастични мандати, на здравје“, рече тој, непосредно пред да го изврши гестот.
Некои членови на парламентот беа шокирани од чинот, додека други се смееја, па дури и аплаудираа.
Во интервју за австралиските медиуми, Мекгин рече дека го извршил чинот за да покаже дека има нормални луѓе во парламентот и дека слави на свој начин.
„Мислам дека парламентот честопати може да изгледа непристапно, знам дека кога првпат влегов во парламентот мислев дека станува збор само за политичари, но таму горе има нормални луѓе“, рече тој.