Јутјубер 40 дена јадел само конзервиран грав и го снимал целиот процес - видеото го погледнале милион луѓе

Супермен

15/09/2020

13:45

2.857

Големина на фонт

а а а

Интернетот е полн со совети за т.н. супернамирници и хит диети за кои се тврди дека даваат исклучителни резултати. Но, сите такви совети доаѓаат со една напомена - најважна е урамнотежената исхрана.

Но, Јутјуберот Бо Мајлс ја отфрлил таа теорија и се подложил на еден необичен проект - 40 дена јадел само конзервиран грав. 

Мајлс пронашол инспирација за предизвикот од незаборавната сцена од романот „Tortilla Flat“ од Џон Стајнбек од 1935 година. Во книгата, самохраната мајка Тересина Кортез ги храни своите 9 деца само со грав, а кога локалното училиште дознава за тоа, испраќа лекар да го истражи случајот и тој открива дека децата се со исклучително добро здравје.

За да открие дали навистина постојат здравствени придобивки од исхрана составена само од грав, Мајлс одлучил да изеде количина на грав еднаква на неговата телесна тежина, односно 85 килограми грав во рок од 40 дена.

Во рок од само еден ден од почетокот на предизвикот, Мајлс веќе се соочувал со надуеност, а проблемот со гасовите продолжил и во текот на идните 39 дена.

„Тоа беше постојан пад на распложението и енергијата“, вели Јутјуберот.

Што се однесува до физичките перформанси, Мајлс набрзо открил дека неговото тело не го добива горивото потребно за функционирање, но дека се уште може да ја доврши својата трка.


„Тоа е исто како да трчате со мамурлак или не сте спиени“, опишал тој.

До крајот на предизвикот, Бо изгубил 9 килограми, а планираната трка ја завршил „полека, но сигурно“, пишува „Men's Health“. На крајот вели дека научил многу за сопствениот однос со храната - отстранувањето на разновидноста и сведување на исхраната на само една намирница ималo и сериозно влијание на неговите емоции.

„Храната ме прави креативен, поенергичен и поздрав. Јадењето грав ме прави здрав само на еден одреден начин, но за се останато сум 'никаков'“, заклучува Мајлс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk