Манекенката ги израдувала своите машки фанови со роденденско разголено издание

Супермен

18/09/2020

22:25

9.192

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека во светот стана модерно да се фотографирате голи за роденден, а по овој тренд се води и британската плус сајз манекенка Искра Лоренс.

Таа за својот 30-ти роденден ги почестила фановите на Инстаграм со серија фотографии на кои позира гола под туш, додека со рацете ги прекрива градите, а водата се слева преку нејзините облини. 

„Роденденско одело“, напишала Искра под објавата.

Манекенката го постигнала тоа што го сакала бидејќи, покрај честитките за роденден, добила и мноштво коментари на сметка на својот изглед.

„Среќен роденден, прекрасна си“, „Имаш прекрасно тело“, „Изгледаш одлично“, се само некои од коментарите под фотографиите.

Инаку, фановите особено ги изненади со изјавата кога се породи дека „јавната објава на полот на детето не е потребна бидејќи полот не гарантира дека детето така и ќе се декларира“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk