„Како од мајка родена“ – најубавата спортистка на светот краде воздишки на познатата елитна плажа

Супермен

22/09/2020

13:30

6.974

Големина на фонт

а а а

Руската олимписка шампионка од 2012-та година, во ритмичка гимнастика, Каролина Севасјанова, важи за една од најубавите спортистки и жени на светот.

Таа неодамна била во центар на внимание откако била фотографирана со Конор Мекгрегор, а сега повторно го привлекла вниманието во светските медиуми.

Гимнастичарката објавила жешки фотографии од плажата Форте деи Марми, која што важи за едно од местата на кое што одмора светската елита, а се наоѓа на север од Тоскана и е многу популарно.

Севасјанова на таа иста плажа се соблекла, па се фотографирала, а сончевите зраци одлично ѝ го оцртувале телото.

Нејзе не ѝ било ниту непријатно што ја гледале останатите луѓе кои што се наоѓале на плажата, а тие очигледно дека уживале во нејзините облини.

Таа откако освоила злато во Лондон на Олимписките игри, решила да ја напушти спортската кариера и да се посвети на својот факултет и ТВ водителството.

Таа денес живее во Монако и привлекува големо внимание кај пошироката јавност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk