Уметноста и културата отсекогаш се користеле за испраќање на одредени пораки и за креирање одредено влијание. А графичкиот дизајн е една од културните форми која последниве години се почесто се наметнува и преку која младите и креативни умови испраќаат одредени пораки.
Еден од тие дизајнери е и Лиридон Али од Тетово кој со поддршка на ФИТР развива свое графичко студио за дизајн и печатење, и претставува млад автор кој сака промени и кој храбро се спротивставува на сите стереотипи. Токму неговите дизајни и пораките кои ги праќа предизвикаа интерес во јавноста.
Со комуникацискиот дизајн, Вие не креирате само дизајн туку истовремено и одредена порака. Порака со одредена цел и намера таа да стигне до посакувата публика.Графичкиот дизајн дури во одредени ситуации има поголема моќ за влијание отколку самите пишани зборови. Не е случајно што луѓето многу повеќе реагираат на визулените форми, кои им го привлекуваат вниманието.
Да јас на два наврати, по три месеци, преку програми за размена бев во Амстердам, на Amsterdam University of Arts. Таму имав можност да запознаат нова култура, да почувствувам една нова за мене уметничка енергија, да доживеам нова култура која не знае за стереотипи и граници. Или како што еден мој професор кажа „Една дестинација никогаш не е место, туку нов начин на гледање на нештата“. Новата средина, значи и учење на нови работи, нови идеи и практики кои доколку останеш затворен во својата локална средина, можеби и нема да се случат. Престојот во странство е вистинска можност за надградба, за пробување нешто ново, за зголемување на уметничката самодоверба.
Да, тоа е т.н. Flat Design или дизајн со пригушени бои.
Се користи многу во последно време, бидејќи овозможува дизајнот да изгледа посветол, ја истакнува едноставноста, а истовремено импресионира.
Моите дизајни на маици, секако се нешто што посебно ме прави горд, но тука е и комплетниот дизајн и бренд идентитет кој го креирав за проектот Modi Mall & Modi Living во скопската населба Бутел, кој излезе одличен.
Имам различни искуства. Некогаш клиентите сугерираат, друг пат оставаат на мене, но генерални повеќето имаат доверба и затоа сакаат да работиме заедно. Најважно е што на крај излегуваат добри дизајни.
Да бидат храбри и решителни. Не е лесно, треба посветеност и желба, голем број работни саати во текот на денот, но секако вреди да се инвестира во себе!