Колку заработува Новак Ѓоковиќ: Луксузни јахти, големи имоти, донации...

Точка

24/09/2020

19:00

6.823

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ е човек кого 'сакаат да го мразат', и тоа во пошироката јавност. Што и да мисли некој за него, не може да се оспори фактот дека Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата. Меѓутоа, истовремено е и најбогатиот тенисер во светот.

Тој од наградите на натпреварите освоил 134 милиони долари, па така станал првиот тенисер кој заработил 100 милиони долари парична награда. Само во 2019-та година заработил 9,1 милиони долари, повеќе од било кој друг противник.

„Форбс“ процениле дека Ѓоковиќ во 2019-та година заработил 50 милиони долари. Тоа би значело дека заработил повеќе од 40 милиони од спонзори, каде спаѓаат многу познати брендови, пренесува „Tennis World“.

Покрај сето ова, во 2013-та година Ѓоковиќ напишал книга за исхраната и начинот на живот, сакајќи да ги сподели своите искуства со сите луѓе ширум светот.

Исто така има своја линија на прехранбени производи, наречена „Џоколајф“ и е сопственик на ланецот ресторани „Novak Cafe & Restaurant“ во Белград и на Копаоник.


Што прави Новак Ѓоковиќ со своите пари?

И покрај сето ова, изгледа дека води прилично незабележителен живот, но и дека често сака да го менува својот дом.

Сопственик е на двособен стан во Монте Карло, еден од градовите со најскап пазар на недвижнини во светот. Пред три години купил неколку станови во Њујорк по цена од 10.000 милиони евра, а минатата година луксузен пентхаус со три спални соби во Мајами.

Ѓоковиќ сака да патува 'со стил', па така пристигнал со приватен хеликоптер на една манифестација во 2015-та година. Купил и луксузна јахта „Menhetn 90“ од 2,5 милиони долари во 2009-та година, но после неколку години ја продал.

Што се однесува до возниот парк, Ѓоковиќ вози Tesla Model X, а поседува и автомобили како што се Ауди и Мерцедес-Бенз, иако често во околината на Монте Карло го гледаат со велосипед.

Покрај сите овие вртоглави суми, една работа не смее да се заборави. Новак Ѓоковиќ заедно со својата сопруга е еден од тенисерите кој секоја година дава најголеми донации во хуманитарни цели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг