„Фрајле“: По концертот во авион на 10 илјади метри, си фативме момчиња од Македонија

Точка

28/09/2020

09:33

4.500

Големина на фонт

а а а

Новосадската група „Фрајле“ имаше настап во Скопје. Еднакво енергичен како и оној кога во авион на 10.000 метри ги кренале патниците на нозе, па тоа бил лет со луда забава и многу музика.

„Фрајле“ ја сочинуваат четири девојки, кои се заедно 11 години на музичката сцена. Зад себе имаат свои хитови, но и преработки на популарни песни од познати музичари. Освен што привлекуваат внимание со изгледот, тие имаат и посебна харизма. 

„Секогаш кога сме во Македонија сакаме да останеме уште малку подолго. Утрово појадувавме во Старата чаршија, а нè честеа и баклава. Овој пат дојдовме со автомобил, па сега багажникот ќе го наполниме со по една вреќа пиперки за да направиме ајвар дома“, открија девојките од „Фрајле“.


Името на групата е типично за Војводина и значи госпоѓици. Нивната музика ја сакаат сите, а Здравко Чолиќ често вели „Фрајле се во мода“. Му се допаднаа и на покојниот Оливер Драгоевиќ со кого неколкупати пееја на иста сцена.

Во времето на карантинот напишаа книга, раскажаа за бившите момчиња во Македонија, за првиот голем хонорар кога се посрамиле пред газдите на клубот, за анегдотите што ги имаат со Оливер, но и за Црногорците што им го грешат името...



Спонзорирани линкови

Маркетинг