„Ме изневеруваше...“: Леброн Џејмс снимен како му зборува на пехарот, урнебесното видео го насмеа светот

Точка

16/10/2020

15:39

1.508

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс стана новиот НБА шампион, совладувајќи го Мајами со 4:2 со триумф од 106:93 во шестиот натпревар, а новиот МВП на финалето - Леброн Џејмс бил снимен како му зборува на пехарот.

Лејкерс до 17-та титула во клупската историја, со што го изедначија рекордот со Бостон Селтикс, дојдоа предводени токму од „кралот“ кој во шестиот натпревар од финалето оствари трипл-дабл. 

До најкорисен играч на финалето дојде предводејќи ги новите прваци со просечно 29,8 поени, 8,5 асистенции, 11,8 скокови, шут од поле 58%, а 39% кога станува збор за тројки во шесте дуели со екипата на Мајами Хит. А потоа застанал пред микрофонот...

Сега се појави и снимка на која предводникот на Лос Анџелес Лејкерс му се обраќа на пехарот, „Лери О'Брајан“.

Опкружен со соиграчите, Леброн го држел трофејот и му зборувал:

„Не можам да верувам. Ме изневеруваше во последните 4 години, што е со тебе?“, зборувал кошаркарот додека клупските колеги се смееле.

За потсетување, Џејмс последен пат беше првак во НБА лигата во 2016 година како член на Кливленд, додека двете свои први титули во 2012 и 2013 година ги освои како кошаркар на Мајами.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk