Тајната на капутот на Џеки Кенеди: Го носела и 24 часа по атентатот на претседателот, а еве зошто е „под клуч“ во националната архива

Точка

20/10/2020

08:50

10.517

Големина на фонт

а а а

Сопругата на убиениот американски претседател Џон Кенеди, Џеки Кенеди, секогаш важела за икона на стилот.

Па, така и тоа што го носела на кобниот 22-ри ноември 1963-та година влегло во историјата.

Таа го носела легендарниот розов костим додека со својот сопруг се возела во претседателската лимузина кога на него бил извршен атентат.

И по тој страшен настан, Џеки го носела истот костим во нарердните 24 часа.


„Нека видат што направија“, изјавила таа додека на костимот и понатаму можеле да се забележат дамките од крв.

Таа го носела и за време на давањето заклетва на новиот претседател Линдон Г. Џонсон. Костимот не е испран, па крвта јасно можела да се види на десниот ракав.

Како што времето поминувало, во модните води покренати биле полемики за тој нејзин култен костим. На крајот критичарите биле согласни дека истиот е сошиен во Њујорк, но ткаенината, копчињата и кројот се од познатата компанија „Шанел“.


Се претпоставува дека костимот чини околу 1.000 долари (што денеска истиот би имал вредност од 7.500 долари). Ова најтажно парче облека Џеки го носела 6 пати, меѓу другото и на патувањето во Лондон една година пред да се случи немилиот настан.

Костимот денеска се чува во Американската национална архива во државата Мериленд каде што го однела ќерката Керолин.

Тој и понатаму е „извалкан“ од дамките крв, не е достапен на увид за пошироката јавност, но се наведува дека такви биле барањата.

Сепак, се чува во строга тајност како спомен и сеќавање на семејството Кенеди:

„Кога би бил изложен би поттикнал хистерија“, изјавил кураторот Филис Магидсон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг