RTX 3090 е вистински ѕвер: Погледнете како изгледаат Crysis 3, The Witcher 3 и Horizon Zero Down во 8К резолуција

Точка

20/10/2020

18:35

2.157

Големина на фонт

а а а

Побарувачката на графичките карти од RTX 3000 сериите и натаму е голема, а додека се бара графичка карта повеќе на пазарот, неколкумина среќници веќе ги ставија на тест моќните адути на Nvidia.

Најмоќната графичка карта е RTX 3090, се продава по цена од 1,400 долари, а носи огромна количина на моќ која треба да се „скроти“ и искористи до максимум, секако, во комбинација со подеднакво моќен процесор.

Во случајов користен е Ryzen 3950X процесорот кој за време на тестирањето, не беше премногу оптоварен, па неговата употреба ретко кога надминуваше 20%.

Јутјуберот Bang4BuckPC Gamer ја тестираше RTX 3090 во 8К резолуција кај некои игри кои се стари, но и натаму прилично популарни. Тој објави гејмплеј на Crysis 3, The Witcher 3 и Horizon Zero Down наравен во оригинална 8К резолуција.

Фрејрејтот за жал не е 60 FPS, но се движи од 30 до 50. Но, подесувањата горе долу кај сите игри се на Ultra. На неговиот канал може да се пронајдат и други игри во 8К резолуција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг