Луческу по средбата со својот ученик Андреа Пирло: Тој никогаш нема да ми биде…

Дерби

21/10/2020

10:22

1.975

Големина на фонт

а а а

Екипата на Јувентус славеше на гостувањето кај Динамо Киев со 2:0 во натпревар игран пред полни трибини, нешто што е реткост во вакви услови.

Ова беше деби натпревар, а воедно и деби победа во Лигата на шампионите за Андреа Пирло како тренер на еден тим.

Интересно е тоа што истата е извојувана против стратегот кој пред 25 години му овозможи на голобрадото момче од Бреша да дебитира во сениорскиот фудбал во Италија. Станува збор за легендарниот романски тренер, Мирчеа Луческу кој во моментов седи на клупата на Динамо Киев.

По натпреварот свој емотивен коментар даде и Луческу кој имаше само убави зборови за Андреа Пирло.

– За мене Пирло секогаш ќе остане детенце од 15 или 16 години. Тој секогаш ќе биде мој играч и никогаш нема да биде мој непријател. Му посакувам се најдобро, -изјави Луческу.

Јувентус иако фаворит не беше доминантен во Киев, меѓутоа со головите на Алваро Мората стигна до сигурна победа од 2:0.



Спонзорирани линкови

Маркетинг