Џеков посочи што е потребно за позитивен резултат против Швајцарија

Дерби

25/09/2026

08:18

291

Големина на фонт

а а а

Четири средби ја очекуваат македонската репрезентација во овој „прозорец“, четири средби во Лигата на нации од кои првата е против Швајцарија в сабота на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Швајцарците ќе пристигнат во македонската престолнина како апсолутни фаворити, но тоа ќе мора да го потврдат на теренот.

Ова е ривал кој носи екстра мотив кај нашите фудбалери и Ѓорге Џеков како еден од новите имиња верува дека може да се направи изненадување и да се дојде до позитивен резултат под услов да се исполнат неколку работи.

-Чест и задоволство ми е што првпат сум дел од нашата А репрезентација. Знаеме со каков противник ќе се соочиме во сабота. Швајцарија е одлична репрезентација, четвртфиналист на Светското првенство, со многу квалитетни играчи.

-На нас е да ги исполниме очекувањата на стручниот штаб и да го дадеме максимумот на теренот. Според мене, клучни ќе бидат дефанзивата, агресивноста и пристапот во играта, за да оствариме позитивен резултат против Швајцарија, но и против останатите селекции, -порача Џеков.