Сопственик на хрватска компанија ги казнува вработените кои ќе завршат во самоизолација поради Ковид-19

Супермен

28/10/2020

12:49

4.178

Големина на фонт

а а а

Земјите од регионот бележат голем раст на бројот на заразени од коронавирус, а властите се наоѓаат пред одлука дали да ја затвораат економијата.

Имено, се покажа дека апелите до граѓаните да се однесуваат одговорно не помогнаа во сузбивање на ширењето на епидемијата бидејќи донесените мерки често не се почитуваат, а мерките за принуда не се популарни ниту лесни за спроведување. 

Меѓутоа, постојат и лица кои имаат поинаков пристап кон тој проблем.

Ѓуро Хорват е сопственик на хрватската компанија „Техникс“ кој на сите свои вработени им упатил допис дека ќе ги казнува доколку завршат во самоизолација, пренесува „Јутарњи лист“.


„Почитувани работници! Со оглед на тоа дека секој ден ситуацијата со Ковид-19 е сè полоша, ве известувам дека компанијата „Техникс“ ќе воведе сопствени капацитети за престој во самоизолација, така што сите кои со своето невнимание ќе се доведат во таква состојба, ќе бидат изолирани во хотелот „Краљ“. Лицето кое ќе биде во самоизолација ќе биде дестимулирано во износ од 10 отсто од платата. Мораме да бидеме свесни дека со своето однесување надвор од фирмата не се загрозувате само себеси и домашните, туку и колегите на работа и со тоа се доведува во опасност и стабилноста на компанијата и задржувањето на работните места. Вашиот директор: Ѓуро Хорват“, стои во дописот до вработените.

Директорот се обидел да ги објасни своите ставови во телевизиска емисија на „ХРТ“:

„Донесовме мерка за дестимулирање на луѓето кои се во таков однос кон сопственото здравје и кон компанијата затоа што нѝ недостасуваат 20 луѓе. Истовремено, тие пари ги насочуваме на оние вработени и менаџери кои се здрави и кои одговорно се однесуваат, сакаме микроорганизација на свеста на сопствена одговорност. Сите мораме да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“, рекол Хорват.


Исто така е потврдено дека неговата компанија навистина ги казнила со 10 отсто од плата оние кои завршиле во самоизолација.

„Неодамна им скративме 10 отсто од плата. Сметаме дека тоа е плод на несериозност, неодговорно однесување. Ако човек оди од кафуле до кафуле, ако сам го предизвикува тој дел од нездравиот живот, тогаш мора и самиот да сноси еден дел од одговорноста“, додал директорот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk