Плус сајз манекенката Ешли Греам 33-годишниот роденден го прославила на излет во природа со своето семејство, а за време на одморот објавила фотографија од кадата.
На неа Ешли е гола, а внимание привлекле нејзините влакна под пазувите.
Греам со оваа фотографија, на која нема шминка, сакала да ја нагласи природната убавина на жените.
Претходно сподели фотографија на која го дои својот 9-месечен син Исак.
Додека на снимањата е гламурозна и средена до последниот детаљ, манекенката во слободно време сака малку поопуштен изглед.