Актерот кој повеќе не личи на себе „уловен“ како страстно разменува нежности со 26 години помладата девојка

Супермен

11/11/2020

14:37

5.759

Големина на фонт

а а а

Расел Кроу бил „уловен“ како ја бакнува својата нова девојка Бритни Териот додека заедно играле тенис на еден од спортските терени во Сиднеј.

По повеќемесечните шпекулации дека холивудскиот актер конечно е „уловен“ во нова љубовна авантура за која што велеше дека му е само добра пријателка, сега фотографиите докажуваат нешто друго.


Парот бил забележан како разменува нежности на тенискиот терен во Сиднеј. 53-годишниот Расел делувал целосно задоволно со новата девојка, со која што заедно глумел во филмот „Broken city“ во 2013-та година и која што од него е помлада 26 години.

Откако првпат биле видени заедно во јавнота, обожавателите на Расел дошле до заклучок дека Бритни многу потсетува на поранешната сопруга на Расел, 51-годишната актерка Даниела Спенсер.


Инаку, тој од неа се развел во 2018-та година по 15 години брак, а заедно имаат двајца синови.

Иако разводот тешко го поднел, очигледно дека младата Бритни е соодветна замена за поранешната сопруга на Расел, а судејќи по фотографиите тој изгледа навистина среќно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk