AI моделот прецизно го опишал потенцијалниот проблем и понудил одговор којшто го решил проблемот за минута.
После пет години непрекината болка во вилицата и фрустрирачки звук на „пукање“ при џвакањето, еден корисник којшто не успеал да добие јасна дијагноза од доктор, во очај му се обратил на ChatGPT и добил одговор за неколку секунди.
AI моделот прецизно го опишал потенцијалниот проблем и предложил едноставна вежба како решение. Резултатот? Болката исчезнала за помалку од минутка, а проблемот којшто траел со години го решил практично и моментално.
Оваа приказна привлекла големо внимание во Силициумската долина и пошироко со реакции на влијателните технолошки лидери како Рид Хофман (основач на Linkedln) којшто тоа го нарекол доказ на реалните способности на вештачката интелигенција.
За него, ова не било само случаен погодок туку доказ дека AI моделите во некои ситуации можат да бидат покорисни од медицинските експерти и тоа не затоа што знаат повеќе туку затоа што побрзо ги поврзуваат податоците кои милиони корисници ги внеле низ годините.
Случајот отворил поширока дебата за начинот на којшто луѓето го користат AI и тоа особено младите генерации.
Додека постарите корисници AI го гледаат како подобра верзија на пребарувач, помладите корисници го користат како личен советник: за дилеми околу факултет, односите на работа, љубовни проблеми како и здравствени проблеми.
Директорот на OpenAI, Сем Алтман, нагласува дека најголемата сила на овие модели е нивната способност за разбирање на контекстот: корисничко минато, врски, навики и врз основа на тоа даваат персонализирани совети.
Тие се достапни 24/7, не осудуваат и учат од огромни количини искуства на другите.
Секако, ваквите случаи не значат дека треба да се занемарат докторите, но го покажуваат потенцијалот на AI системите.