[ФОТО] Трамп не престанува да изненадува, сега продава и свој парфем: Само за победници

Точка

02/07/2025

10:54

539

Големина на фонт

а а а

Ако мислевте дека американскиот претседател Доналд Трамп веќе не може да нè изненади, се излажавте.

Имено, неговата линија парфеми со име „Victory 45-47“ штотуку е пуштена во продажба.

Како што пренесоа странските медиуми, овие парфеми симболизираат победа, сила и успех, а се наменети и за мажи и за жени кои сакаат дополнително да го нагласат својот стил и личност со уникатен мирис.


Самото име на парфемот „Victory 45-47“ наводно алудира на духот на континуирана борба и триумф и претставува порака за мотивација и самодоверба. Компанијата Трамп вели дека парфемите не се само производ, туку симбол на животната филозофија – да се продолжи со победување, без оглед на околностите.


„Набавете го вашиот парфем и не заборавајте да им го подарите и на вашите најблиски“, напиша Трамп на „Truth Social“ и додаде: „Уживајте во секој момент, забавувајте се и продолжете да победувате!“.

Оваа линија парфеми е веќе достапна во одбрани продавници, како и онлајн, а повеќе информации можете да најдете на официјалната веб-страница.

Потсетуваме организацијата на Трамп неодамна го претстави својот прв паметен телефон, наречен „T1 Phone“, по цена од 499 долари, со мрежен пакет од 47,45 долари месечно. Според официјалното соопштение, телефонот е „дизајниран и произведен во САД“, а планираниот датум на лансирање е септември 2025 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk