Жена (55) направила една тетоважа, но тоа набрзо се претворило во опсесија: Еве како изгледа сега

Супермен

26/11/2020

11:37

2.487

Големина на фонт

а а а

Керстин Тристан, 55-годишна жена од Лајпциг, во последните пет години наводно потрошила повеќе од 30.000 евра за цело тело да го покрие со шарени тетоважи.

Сè започнао во 2015-та година, кога Керстин, која работела како возач на такси поголем дел од животот, одлучила да направи прва тетоважа за да 'додаде малку боја во животот', но тоа набрзо се претворило во опсесија.

Германката оттогаш потрошила околу 30.000 евра на тетоважата и вели дека не мисли наскоро да застане.

Тристан вели дека е посреќна од било кога, бидејќи шарените тетоважи ѝ носат радост и енергија. Освен тоа, ѝ помогнале во собирање импресивен број следбеници на социјалните мрежи.

На Инстаграм ја следат повеќе од 108.000 корисници, а над илјада претплатници има и на платформата за возрасни „OnlyFans“. Луѓето често не веруваат дека станува збор за тетоважи, па таа објавува 'пред и потоа' фотографии за да ги увери во тоа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk