Мистеријата е решена: Докторите тврдат дека овие 3 сантиметри се одлучувачки дали жената ќе постигне оргазам

Точка

26/11/2020

14:47

9.335

Големина на фонт

а а а

Секој има различна теорија за сексот, особено кога станува збор за женскиот оргазам.

Едни мислат дека важна е должината на машкиот полов орган, други истакнуваат дека пресудно во врска со тоа е возбуденоста на самата жена.

Меѓутоа, науката оди во друг правец и за недостатокот на доживување оргазам кај жените ги обвинува - жените, односно нивната анатомија.

Во новото американско истражување, кое што предизвикало различни коментари, потврдено било дека најважниот податок за тоа е колку клиторисот е оддалечен од уринарниот тракт.


Доколку таа оддалеченост е помеѓу 2.5 и 3 сантиметри, жената може да доживее оргазам во текот на сексуалниот однос, а доколку оддалеченоста е поголема од 3 сантиметри тоа е невозможно.

„Уште во матката клиторисот почнува да се издвојува и оддалечува од отворот на вагината. За тоа не е виновна жената, тоа е проста анатомија. Постои објаснување дека оддалеченоста поголема од три сантиметри во текот на класичниот секс не може да доведе до доволно стимулација на клиторисот“, објаснува гинекологот Морин Велихан.


Магичниот број е 2.5 сантиметри, а ова истражување се вклопува во повеќегодишната статистика по која што околу 70 и 90 отсто од жените не можат да доживеат оргазам само врз основа на пенетрација и потребно им е дополнително стимулирање на клиторисот.

Истражувачите напоменуваат дека ова истражување се однесува исклучиво за вагиналниот оргазам за кој што многумина сметаат дека е само мит - односно дека дамата може да дојде до оргазам само со помош на машката пенетрација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг