Радикален потег: Технолошкиот гигант отпушта 10.000 работници во Европа

Супермен

26/11/2020

15:18

1.760

Големина на фонт

а а а

Технолошката компанија „IBM“ планира „да згасне“ 10.000 работни места во Европа во обид да ги намали трошоците во својата филијала која што бележи спор раст.

Најмногу откази треба да има во Обединетото Кралство и Германија, а намалување на работните места се планирани и во Полска, Словачка, Италија и Белгија.

„IBM“ најави намалување на работните места во Европа претходно месецов во текот на состанокот со европските претставници на работниците.

По овие вести акциите на компанијата опаднале за 1.6 отсто, а оваа година вредноста на акциите на компанија вкупно опаднале за 8.6 отсто.


„Нашите одлуки за вработените се за да се даде најдобра поддршка на нашите купувачи во усвојувањето на отворените хибридни платформи во облик на можности. Исто така продолжуваме со значајните вложувања во облик на развој на вештините во компанијата за да може најдобро да ги задоволиме потребите на нашите купувачи“, соопштиле од компанијата.

Најтешко ќе биде погоден IT секторот на компанијата кој што се занимава со секојдневни инфраструктурни операции, како управување со центрите за податоци на клиентите и традиционална поддршка на информации во технолошката индустрија, ракување и поправка на опрема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk