Овие 2 состојки можат да се купат секаде: Доколку ги консумирате во комбинација ќе имате „челично здравје“

Точка

28/11/2020

17:10

5.200

Големина на фонт

а а а

Куркумата има антивирусни, противвоспалителни, антимикробски и антисептички дејства, додека пак медот е одличен за нашиот имунитет.

Куркумата е зачин за кој што често се вели дека е еликсир на здравјето. Заедно со медот дава совршена комбинација за добро здравје и тоа во секоја смисла. Мешавината на куркума и мед ја лечи настинката, кашлицата, воспаление на грлото, а со секојдневно користење може да го продолжиме нашиот живот.

Често се вели дека куркумата и медот се подобар лек и од антибиотик. Тие ги уништуваат бактериите во организмот, без штетни и непосакувани дејства.

Комбинацијата на куркума и мед е ефикасна за лечење многу тегоби поврзани со стомакот, како што се гасови, проблеми со варењето на храната, чир на желудникот и стомачни тегоби.


Направете си „златен мед“

Со комбинација на куркумата и медот добиваме „златен мед“. Потребна ви е една полна лажица куркума и 100 грама мед. Убаво измешајте ги и смесата ставете ја во стаклена тегла, консумирајте по малку секој ден.

Многу е важно да користите чиста куркума која што не е измешана со некаков друг зачин.

Напомена: Оваа мешавина не треба да ја консумирате доколку пиете лекови. Најдобро е да се посоветувате со вашиот доктор. Исто така куркумата не се препорачува кај лица кои што имаат проблеми со жолчката како и низок крвен притисок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг