Овој човек ја поседува најголемата колекција „Fast & Furious“ автомобили: „Мојот сон беше зелен „Mitsubishi Eclipse“, но...“

Супермен

02/12/2020

13:10

1.592

Големина на фонт

а а а

„Мојот сон беше зелен „Mitsubishi Eclipse“, па набавив еден и го 'средив' како тој од филмот пред три години. Оттаму почна сè...“.

Бројот на филмови кои што ќе останат запомнети по автомобилите кои што во нив се менуваа и појавуваа, секако дека не е мал. Во текот на 90-те години, примат кога автомобилите од филмовите се во прашање секако дека е серијалот „Fast & Furious“.

Неговата голема популарност довела до создавање на своевидни поткултури меѓу љубителите на брзите автомобили и одржување различни видови натпревари ширум светот.


Еден од припадниците на таа поткултура е и Хорхе Акост од Едмонт - канадската покраина Алберт, кој што ја поседува најголемата колекција на реплика на автомобилите од филмот „Fast & Furious“ - дури 24 примероци. Но, тоа не е сè затоа што како што вели тој, во план му е да набави и нови автомобили.

„Мојот сон беше зелен „Mitsubishi Eclipse“, па набавив еден и го 'средив' како тој во филмот. Оттаму почна сè“, вели тој.

„Не сакав намерно да ја имам најголемата „Fast & Furious“ колекција на автомобили на светот, но кога почнав да се занимавам со тоа, едноставно ми стана возбудливо“, додава тој.

Потоа почнал да увезува автомобили од Јапонија, кои што потоа ги средувал и продавал за да може да вложува во својата сопствена колекција.

Својата колекција тој планира да ја зголеми за 35 автомобили, а веќе има во план да набави и среди нови седум. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk