Светската јавност изненадена: Принцот му понудил 10 милиони долари на познатиот пејач - да помине една вечер со неговата сопруга

Супермен

12/01/2021

15:17

34.949

Големина на фонт

а а а

Јавниот приказ на финансиските потешкотии на американскиот рапер Кание Вест му донеле неочекувана понуда од наследникот на саудискиот крал, принцот Мухамед.

Понудата гласи: 10 милиони долари за можност да поминам една вечер со неговата сопруга, ѕвездата Ким Кардашијан.

Кание уште во месец февруари создаде „хаос“ во светот, објавувајќи на Твитер дека има 53 милиони американски долари личен долг.

Самопрогласениот најголем уметник на сите времиња побара помош и од Марк Закерберг од кој бараше милијарда долари за да продолжи да се занимава со уметност.

Ниту еден од милијардерите не одговори на неговите молби, но полицијата на Филаделфија му понуди работа како полицаец.

Меѓутоа, помош му понудил принцот Салман. Тој дал контроверзна понуда во текот на конференцијата за новинарите преку која сакал да му помогне на очајниот Кание.

Моќниот принц кој што има огромно богатство, подготвен е на раперот да му плати 10 милиони долари за една вечер со неговата сопруга.


„Воопшто не ме интересира неговата музика или облека, но неговата сопруга е богатство со непроценлива вредност. Би му платил 10 милиони долари или пак повеќе, само да поминам една вечер со неа“, изјавил принцот и ја изненадил светската јавност.

Ниту Кание, ниту пак Ким се уште не реагирале на ваквата понуда која што веќе предизвика бурни реакции во јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk