Првиот човек на „Volkswagen“ отвори Твитер профил, па му се закани на Маск...

Супермен

21/01/2021

12:35

7.472

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме „Tesla“ се наоѓа меѓу највредните светски автомобилски компании.

Првиот човек на „Volkswagen“, Херберт Диес вчера си отворил профил на Твитер, а во првиот твит кој што го објави му се обрати на ривалот Илон Маск.

Во првиот твит кој што го напиша, Диес ги поздрави сите луѓе, а потоа го предупреди Илон Маск дека „Volkswagen“ доаѓа по дел од уделот на „Tesla“ на пазарот и го потсети дека „Volkswagen“ веќе добро котира на пазарот со електрични автомобили во Европа.

Произведувачот на електричните автомобили „Tesla“ се наоѓа меѓу највредните светски автомобилски компании, а нејзиниот основач Илон Маск е меѓу најбогатите луѓе на светот.

Откако во 2018-та година Херберт Диес стана директор на „Volkswagen“ се труди да го освои пазарот на електричните автомобили со кој што господари „Tesla“.

„Volkswagen“ во септември 2019-та година го претстави својот прв модел кој што отпочеток бил развиван исклучително како електричен автомобил, со што го започна новото поглавје во историјата на германскиот автомобилски гигант.

Инаку, „Volkswagen Group“, најави доаѓање на 78 електрични автомобили и 60 хибридни модели до 2029-та година, а тој број вклучува електрични возила и хибриди на нејзините останати брендови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk