Бајага по примањето на вакцината за коронавирус: „Се чувствувам лошo и имам реакција“

Супермен

22/02/2021

16:18

9.425

Големина на фонт

а а а

Популарниот пејач призна дека има некои нуспојави кои што следеле по примањето на вакцината за коронавирусот.

Славниот Момчило Бајагиќ - Бајага ја прими вакцината против коронавирусот, а денеска признал дека не се чувствува добро.

Имено, тој детално не објаснил какви компликации има, но признал дека има некои нуспојави кои што следеле по вакцинацијата.


„Се чувствувам лошо, ја примив вакцината и имам реакции“, изјавил Бајага за српски „Курир“.

За потсетување, Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински средства неодамна нагласил дека ниту една од досега пријавените непосакувани реакции на вакцината не барала хоспитализација на пациентот.

„Тоа нè убедува дека вакцините навистина се такви какви што треба да бидат, дека односот на ризикот е неспоредлив со користа од вакцината“, изјавил тој и додал дека досега немало некои потешки нуспојави по примањето на вакцината.


Инаку, Багаја кон крајот на месец јануари истакна дека одлучил да ја прими вакцината на „Фајзер“.

„Работам нешто за театарот „Бошко Буха“, така што им се придружив на актерите во денешната вакцинација. Сите вакцини се безбедни, така што немам никаков сомнеж што се однесува до вакцината на Фајзер“, истакнал Момчило.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk