Официјално: Пристигна Golf GTI Clubsport 45

Точка

28/02/2021

12:56

2.493

Големина на фонт

а а а

По повод 45-годишнината на спортскиот Golf GTI, Volkswagen подготви специјално издание со кое на вистински начин ќе го одбележи појавувањето на Golf и GTI на европскиот пазар во 1976-та година.

Golf GTI Clubsport 45 доби преден дел практично ист како и и Golf GTI Clubsport, а тука се и црниот покрив и задниот спојлер, Tornado Red деталите, Matrix LED предните светла, црни 19-инчн Socttsdale алуминиумски тркала, странична декорација со бројот „45“, темни издувни цевки и слично.


Секако, дотерани се и спортскиот издувен систем, седиштата со GTI ознака и воланот со “45“ логото.

Под хаубата на еден од најмоќните хечбекови на денешницата се наоѓа 2,0-литарскиот турбо бензинец кој развива 300 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент, кој во комбинација со 7-степенскиот DSG менувач со двојно квачило силата ја пренесува на предните тркала.


Од 0 до 100 километри на час Golf GTI Clubsport 45 забрзува за 6,0 секунди, а оваа верзија нема фабричка блокада на максималната брзина од 250 километри на час.


Продажбата на Golf GTI Clubsport 45 во Европа започнува на 1-ви март, а во Германија цената ќе изнесува 47,790 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг