Џони Деп го продава својот долгогодишен дом во Франција – „ѕирнете“ внатре

Супермен

02/03/2021

14:39

4.772

Големина на фонт

а а а

Кога Џони Деп првпат го стави на продажба својот имот кој го поседува во Франција во 2015 и 2016 година, за истиот побарал од 25 до 63 милиони долари, но немал среќа во наоѓањето на сопственик.

Сега, славниот актер се подготвува повторно да го продаде својот долгогодишен дом, по цена од 55.5 милиони долари.

Судејќи по сè, необичниот и шармантен актер сега го избрал вистинското време за продажба.


По повеќе месеци поминати во затворен простор поради пандемијата на коронавирусот, сè повеќе луѓе ширум светот се во потрага по имот налик на овој, кој што всушност содржи бистро, винска пештера, скејт парк и неколку куќички.

Овој имот се наоѓа во Прованса, во регионот Ле План Де Ла Тур, на неколку десетина километри оддалечен од Азурното крајбрежје во Сен Тропе. Може да се каже дека имотот изобилува со шарм, поседува 14 купатила и 15 спални соби, распоредени во 6 ложи за гости и една главна резиденција.

Деп, имотот го купил во 2001 година за сума пари која што не ја открива, за подоцна да потроши неколку милиони долари во процесот на редизајнирање. Сето тоа успеал да го направи во временски период од 14 години кои што ги поминал заедно со актерката и пејачка Ванеса Паради.


Парот поголемиот дел од времето го поминувал таму со своите деца кои што имале можност да уживаат во приватниот базен и бистрото во прекрасната природа.

Главната резиденција поседува 450 квадратни метри, содржи пет спални соби и три тоалети, додека една од шесте ложи за гостите некогаш била црква. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk