После Каније Вест - Вил Смит

Супермен

02/03/2021

17:24

2.277

Големина на фонт

а а а

Актерот Вил Смит рекол дека размислува да се кандидира за претседател на САД во некој период од својот живот.

Иако е успешен актер во многу холивудски наслови, Смит сака да направи пресврт кон политиката, како што тоа го направи раперот Каније Вест во 2020-та година, пренесува „Zeebiz“.

Кога во еден подкаст го прашале дали размислува да се 'пресели' во Белата куќа, актерот се насмеал.


„Ќе почекам прво да се 'расчисти', и потоа ќе почнам да размислувам за тоа“, рекол Смит.

Додал дека има силен став, дека е оптимистичен, полн со надеж, дека има разбирање за луѓето и верува во хармонија.

„Настојувам да направам сè што е во моја моќ, без разлика дали како уметник, или на политичката сцена“, рекол Вил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk