Ќерката на поранешниот актерски пар во тесна опрема за вежбање ја покажала сета сексапилност, а не носела ни градник...

Супермен

09/04/2021

22:05

5.420

Големина на фонт

а а а

Румер Вилис, најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур е 32-годишна актерка и пејачка, а таа храбро позирала гoла пред да отиде на тренинг на отворено.

Ќерката на поранешниот актерски пар Деми Мур и Брус Вилис, оваа седмица со само неколку потези покажала колку напорниот труд од теретаната се исплати.

Пред да излeзе на терен таа на Инстаграм објавила фотографија на која позира целосно гола, а интимните места стратешки ги покрила со лисјата од растението покрај огледалото.

„Добредојдовте во џунглата“, напишала Румер Вилис во описот на фотографијата на која добила пофалби за својот изглед.

Откако ја споделила фотографијата со своите 870.000 следбеници, побрзала да оди на тренинг за кој избрала да носи интересна комбинација облека за вежбање. Тесната топ маичка и хеланките не криеле премногу, но Румер не обрнувала внимание на папарацо фотографите кои што ја следеле во текот на нејзиниот цел тренинг кој го правела на отворено.


Инаку, Румер се занимава со пеење и актерство, а досега се појавила во неколку филмови и серии, но и во забавни емисии на американската телевизија, па јасно дала до знаење дека со секој свој чекор кој го прави привлекува големо внимание во јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk