Роналдо го купи најскапиот стан во Лисабон со поглед од 360 степени кон целиот град – „ѕирнете“ во неговиот луксуз

Супермен

07/05/2021

14:00

5.498

Големина на фонт

а а а

По подарокот кој ѝ го приредил на својата вереница Џорџина, во вид на луксузна вила во Мадрид која се проценува во вредност од 2,5 милиони долари, ова е последното вложување на Кристијано Роналдо.

Станува збор за најскапото поткровје во Лисабон – Португалија, чија вредност се проценува на околу 7,2 милиони евра, а се наоѓа во најексклузивната зграда во градот.

Станот од вкупно 287 метри квадратни е изграден во срцето на португалската престолнина, а се наоѓа во зградата „Castilho 203“ на 20-от спрат од блокот од 19 станови и има спектакуларен поглед од 360 степени, пренесува „La Razon“.

Но, без сомнеж – вистинска скапоценост е базенот кој што се наоѓа на кровот од зградата и му припаѓа токму на станот на Кристијано Роналдо. Околу него има и простор за одмор.

Инаку, португалската ѕвезда веќе поседува недвижности во Мадрид, Торино, Мадеира, Манчестер и Њујорк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk