На интернет се појави нефункционална верзија од iPhone 13 Pro Max, а премиерата е за дури 4 месеци

Супермен

07/05/2021

17:31

760

Големина на фонт

а а а

Моделот е креиран врз основа на информациите кои што кружат на социјалните мрежи.

Вообичаено го чекаме месец септември и официјалното претставување на новата генерација на „Apple“ телефоните, но сега ситуацијата е малку поразлична.


Екипата од Јутјуб каналот „Unbox Therapy“ дошла до нефункционалната верзија на iPhone 13 Pro Max, којa што изгледа автентично.

Моделот е креиран врз основа на информациите кои што кружат на интернет, особено кога станува збор за димензиите, системот на камерата, дисплејот...


Сличности и разлики

На прв поглед телефонот е многу сличен како актуелниот iPhone 12 Pro Max, што не треба да ни е чудно поради тоа што одамна се шпекулираше за нивните „минимални разлики“.

Системот на камерата е малку поразличен (се очекува воведување на ултрашироки леќи) како и позицијата на звучникот, пренесува „The Sun“.


Деталите погледнете ги во видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk