Криптовалутите под голем „притисок“: Биткоинот загуби уште 8% од вредноста, а каква е ситуацијата со етериумот и доџкоинот?

Супермен

22/06/2021

19:47

2.386

Големина на фонт

а а а

Кризата на пазарот на криптовалутите продолжи и денеска, при што биткоинот се најде на најниско ниво во последните пет месеци.

Најстарата светска дигитална валута загуби уште 8 отсто од својата вредност и моментално со неа се тргува по цена од 29.674,25 долари, според податоците на „КоинМетрикс, известува „Си-Ен-Би-Си“.


И другите криптовалути се под огромен притисок. Етериумот „потонал“ за осум отсто, а доџкоинот за над шеснаесет отсто.

Трговците предупредија дека падот под ниво од 30.000 американски долари би можел да доведе до дополнителни загуби.

Обновената кинеска мерка за сузбивање на енергетските и интензивните индустрии на криптовалутите од петокот загуби речиси 300 милијарди долари вредност од вкупниот пазар на виртуелните пари, кога оваа земја која е голем центар за рударење на биткоини им наложила на рударите на дигиталните пари да прекинат со операциите и им забранила на банките да даваат крипто-услуги.


Со денешниот пад, биткоинот загуби речиси 54 отсто од вредноста во однос на историскиот максимум од над 64.000 американски долари забележан кон средината на месец април.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk