Кинеските брендови достигнаа 10 проценти од европскиот пазар на нови автомобили.
На европскиот пазар на автомобили, се случи значителна промена кај кинеските производители.
За првпат, „BYD“ стана најпродаваниот кинески бренд на автомобили во Европа, надминувајќи го долгогодишниот лидер „MG“.

„BYD“ продаде 26.017 возила во мај, што е повеќе од двојно во споредба со истиот месец минатата година, кога испорача 10.052 автомобили.
Во мај, „MG“ забележа продажба од 22.343 возила, со исто така солиден раст во споредба со минатата година.
Со овој резултат, „BYD“ ја прекина доминацијата на „MG“, кој беше најпродаван кинески производител на автомобили на европскиот пазар во текот на 15 години.
Кога се разгледуваат групите автомобили, „Geely Group“ продаде најмногу возила со испорачани 27.801 автомобили.
Нејзиниот состав вклучува брендови како што се „Volvo Cars“, „Polestar“, „Lotus“, „Zeekr“ и други.
Добри резултати постигнаа и „Chery“ со продадени 16.262 возила, како и „Leapmotor“ со 8.856 испораки.

Според Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), кинеските производители сега држат околу 10 проценти од пазарот на нови автомобили во Европа.
Во исто време, силен раст забележа и „Tesla“, која продаде 21.767 возила во мај, во споредба со 8.623 во истиот период минатата година.