Познат како срамежлив и повлечен човек, ММА борачот ги изненади сите на социјалните мрежи фалејќи се со својата нова „играчка“ - преубавата јахта креирана во погонот на компанијата „Lamborghini“.
33-годишнит спортист ја сподели фотографијата на Инстаграм профилот, а на неа можеше да се види огромен брод од речиси 20 метри на бродоградилиштето во Италија.
Прекрасното пловило е вредно 2,6 милиони фунти, дизајнирано и креирано од страна на „Italian Sea Group and Tecnоmar“ компанијата за „Lamborghini“.
За дизајнот на оваа луксузна јахта очигледно инспирацијата е пронајдена во футуристичкиот дизајн, односно контролната табла која потсетува на хибридните спортски автомобили, а секако дека истата го има и логото на легендарниот произведувач.
Влијанието на автомобилската индустрија се протега и во ентериерот на јахтата кој поседува елементи од „Lamborghini Miura“ и „Countach“. Јахтата поседува и приватен простор - спална соба, сместена во долниот дел од палубата.
Воодушевениот Мекгрегор новото пловило го споделил со опис: „Суперавтомобил на море“...