„Конечно добив дијагноза - шок, но не и изненадување“: Актерот по кој воздивнуваа сите жени објавил од што боледува

Супермен

28/07/2021

11:53

7.449

Големина на фонт

а а а

Актерот од серијата „Prison Break“ објавил подолго писмо на Инстаграм - „конечно знам што ми е“.

Актерот Вентворт Милер, познат како Мајкл Скофилд од култната серија „Prison Break“ објавил на Инстаграм дека му бил дијагностициран аутизам, по повеќегодишен макотрпен процес за конечно да дознае која е причината за проблемите кои ги има во текот на целиот живот.

Милер објавил бел квадрат на Инстаграм и текст за тоа како конечно ја добил дијагнозата за која со години се сомневал дека ќе се утврди како точна.

„Ова не е нешто што би го променил. Фактот дека имам аутизам е централен дел од мојот идентитет, дел од се што сум постигнал. Оваа есен се одбележува една година откако добив дијагноза дека имам аутизам. Најпрвин си ја поставив самиот, а потоа официјално ја добив и од професионалец. Станува збор за долг процес полн со маани, кој е неопходно да се исправи по мое мислење. Јас сум возрасен човек, не дете од 5 години“, напишал 49-годишниот актер.

Тој објаснил дека и со години се прашувал што му е, дека идентификувал што се симптомите на аутизам, но потенцирал дека не сака одеднаш да започне да „звучи како експерт“ и со тоа да нанесе дополнителна штета.


„Мојата дијагноза беше шок, но не и изненадување. Пет децении од животот ги гледам со нови очи. Не сакам да ризикувам одеднаш да бидам истакнат, недоволно известен глас во јавноста. Заедницата обединета околу аутизмот низ историјата беше замолчувана. Други говореа наместо нив или „преку“ нив. Не сакам да нанесам дополнително зло, туку само да кренам рака и да кажам - и јас сум тука. И бев долга низа години, само не го знаев тоа“, напишал Милер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk