Германецот му го „украде“ финалето на Ѓоковиќ, па на мрежата му ги кажал овие моќни зборови: „Извини...“

Супермен

30/07/2021

14:43

5.879

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ беше поразен во полуфиналето од Александар Зверев, па така остана без можност од освојување на уште еден златен медал.

Инаку, Зверев емотивно ја доживеа оваа победа, па натпреварот заврши со солзи.

На мрежата Зверев му се обратил на Новак со следните зборови:

„Ти си еден од најголемите играчи на сите времиња. Извини за ова“, му рекол Зверев, па го прегрнал Ѓоковиќ.


По натпреварот Зверев за Ѓоковиќ изјавил:

„Освои 20 гренд слемови. Не може сè да освои. Му реков дека е најголем на сите времиња. Знам дека „бркаше“ историја, Златен слем. Секако дека сум среќен што победив, но исто така знам и како тој се чувствува“, изјавил Зверев.


Инаку, Зверев го спречи Ѓоковиќ во намерите да стане првиот тенисер кој за една година освоил четири гренд слема и олимписко злато, така што Штефи Граф засега останува единствената која го направи тоа во 1988 година.


Инаку, противникот на Германецот за златото ќе му биде Русинот Карен Хачанов.

Ѓоковиќ кој не изгубил откако пред два месеци го победи Рафаел Надал во финалето во Рим за бронзен медал ќе се бори со Шпанецот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk