Шкотска дестилерија користи гориво за камиони базирано на виски

Супермен

30/07/2021

15:49

2.390

Големина на фонт

а а а

Иако вискито е нешто што не би требало да се поврзува со возење, сепак една компанија го користи на паметен начин.

Шкотскиот произведувач на виски, „Гленфидич“ користи отпадни производи од процесот на дестилација на виски како – гориво за својата флота на камиони.

„Гленфидич“ годишно продава повеќе од 14 милиони шишиња виски, а со цел да ги намали емисиите на јаглерод започнала и да ги модифицира своите камиони за испорака да можат да користат биогориво во гасовита форма, направено од отпадни продукти од својата дестилерија. Со користењето на ова гориво се создава ниска емисија на гасови.


Компанијата веќе направила и станици за полнење во дестилеријата во Дафтаун, кои се специјално дизајнирани да ги претворат отпадните продукти од правењето виски во ULCF (Ultra-Low Carbon Fuel) гориво.

Дестилеријата тврди дека биогасот ги намалува емисиите на CO2 на камионите за повеќе од 95 отсто, а се намалуваат и другите штетни честички и стакленичките гасови за 99 отсто во однос на возилата кои користат дизел како гориво.


„Гленфидич“ претходно ги продавал отпадните продукти од производството на виски на фармери за сточна храна, а сега планира да го рециклира целокупниот отпад и да го користи за целата флота од 20 камиони. Моментално поседува три модифицирани камиони за испорака кои користат биогориво и транспортираат виски од дестилеријата до фабриките за флаширање и пакување.

Шкотската индустрија за виски има намера да биде карбонски неутрална до 2040 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk