Во последните неколку децении, Норвешка стана привлечно место за работници од различни делови на светот, вклучително и од Балканот.
Норвешкиот пазар на трудот нуди многу предности во споредба со другите земји. Пред сè, добро платените работни места ја прават Норвешка многу привлечна дестинација за странските работници. Покрај тоа, норвешката економија е стабилна и постојано расте, што создава многу можности за вработување во различни сектори, како што се нафтената индустрија, ИТ-секторот, здравството, образованието и градежната индустрија.
Она што исто така ги привлекува луѓето е квалитетот на животот што го нуди. Земјата се гордее со високите стандарди на образование, бесплатниот здравствен систем и обемните социјални надоместоци, што ја прави идеално место за создавање сигурна и удобна иднина. Покрај тоа, Норвежаните се познати по својата гостопримливост и подготвеност да им помогнат на странците да се интегрираат во нивното општество.

Платите во Норвешка се меѓу највисоките во светот, што е еден од клучните фактори што ги привлекуваат работниците од другите земји. Овде концептот „чесна работа за чесна плата“ добива целосно значење. Тоа се огледува во релативно малата разлика меѓу најниските и највисоките плати, што придонесува за намалување на социјалните нееднаквости.
Норвешка е мала нација во северна Европа, на западната страна од Скандинавскиот Полуостров, која е и естетски воодушевувачка и економски напредна. Русија, Финска и Шведска ги сочинуваат нејзините граници на исток и југоисток. Овој регион има огромни резерви на природни ресурси, вклучително и риба, гас и нафта, што придонесува за подигнување на животниот стандард и унапредување на националниот просперитет.
Со околу 5,5 милиони жители, Норвешка има ниска стапка на невработеност од 3–4 отсто. Ова е многу безбедна нација со одлична здравствена заштита, одлична инфраструктура и бесплатно високо образование.
Иако не се во ЕУ, на многу начини соработуваат со европскиот блок.

Според актуелните податоци, просечната месечна плата во Норвешка е 4853 евра. Кога станува збор за секторите, за некој вид рударска работа во Норвешка можете да заработите околу 7000 евра. За позиции во финансии и осигурување ќе заработувате околу 6700 евра, додека за работни места во јавната администрација и одбраната во просек можете да заработите 4900 евра.
Во Норвешка, платите на занаетчиите варираат во зависност од искуството, областа во која работат и локацијата.
Ѕидар – од 3000 до 4200 евра
Столар – од 2400 до 3500 евра
Молер – од 2300 до 3200 евра
Кранист – од 2600 до 3600 евра
Електричар – од 2500 до 3500 евра
Чистач – од 2100 до 2700 евра
Таксист – од 2400 до 3000 евра
Касиер – од 2100 до 2500 евра

Норвешка има добро развиен здравствен систем и високи стандарди во областа на здравствената заштита, што резултира со високи плати за медицинските експерти. Важно е да се напомене дека работата во норвешкиот здравствен систем често обезбедува и други бенефиции, како што се платени слободни денови, бесплатни курсеви за усовршување и одлични можности за напредување во кариерата.
Анестезиолог – од 5000 до 6200 евра
Медицинска сестра – од 3700 до 4200 евра
Стоматолог – од 6000 до 8000 евра
Психотерапевт – од 3200 до 4000 евра
Фармацевт – од 3800 до 5200 евра
Нутриционист – од 2700 до 3300 евра

ИТ-секторот во Норвешка нуди одлични можности за професионален развој и високи плати, што го прави атрактивен избор за ИТ-експерти од сите делови на светот. Сепак, треба да се земе предвид дека платите во ИТ-секторот може значително да варираат во зависност од искуството, сениоритетот, областа и самата компанија.
Веб-мастер – од 4000 до 5200 евра
Веб-дизајнер – од 3800 до 4800 евра
Scrum master – од 7300 до 10.000 евра
SAP специјалист – од 6000 до 7200 евра
Backend девелопер – од 6000 до 7800 евра
ИТ-консултант – од 6000 до 8000 евра
ИТ-тестер – од 3200 до 5000 евра
PHP-програмер – од 3800 до 5000 евра

Пред сè, важно е да се напомене дека, за разлика од балканските земји, во Норвешка не постои со закон утврдена минимална плата. Сепак, врз основа на анализата на платите во различни сектори, можеме да заклучиме дека за повеќето работни места минималната плата е меѓу 2400 и 2600 евра.
Станува збор за бруто-плата, а по плаќањето на даноците и придонесите, работникот во Норвешка дома носи најмалку околу 1700 евра месечно, пишува „EUpravoZato“.