„Apple“ започнува со сопствен развој и производство на автомобили

Супермен

14/09/2021

20:39

7.125

Големина на фонт

а а а

Ова за некои ќе звучи како стара вест, а некои од возбуда едвај ќе чекаат да се појави првиот примерок на патиштата.

Во секој случај, факт е дека ни „Apple“ веројатно не претпоставувал дека развојот на автомобили ќе стане таква сага. За потсетување, првите вести за развојот на автомобили во внатрешноста на компанијата протекоа во јавноста пред нешто повеќе од 6 години.

„Apple“ брзо се соочи со бројни проблеми и се обиде да ги реши во соработка со некои производители на автомобили, од „Hyundai“ преку „Magna“ до „Toyota“. На крајот, сепак се откажа од сè и го распушти својот оддел за развој на автомобили.


И токму кога се мислеше дека ѝ дојде крајот на оваа неславна приказна, се случи филмски пресврт. Поединечни медиуми од Јужна Кореја пренесуваат дека „Apple“ повторно го „оживеал“ одделот и започнал со развој на возила. И верувале или не, од компанијата одлучиле да се потпрат исклучиво на сопствената сила.

Идејата е иста, а тоа е да се произведе електричен автомобил опремен со систем за автономно возење. Проектот за развој би требало да биде готов во наредните 4 години, а производството до 2030 година би требало да достигне до 1,5 милиони примероци годишно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk