Новак и Јелена Ѓоковиќ не консумираат слатки: Во нивниот дом нема шеќер, а како замена ги користат овие намирници

Супермен

15/09/2021

10:16

12.533

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ играше на УС Опен, а сопругата Јелена го бодреше без оглед на се.

Неговите фантастични постигнувања во тенисот често се објаснуваат не само со упорните тренинзи, туку и со грижата кон здравјето која се заснова на специфична исхрана. Самиот Новак повеќепати одбил да се декларира како веган или вегетаријанец.

„Сето тоа се етикети кои подоцна погрешно се интерпретираат“, ја наведува тенисерот причината.

Тој вели дека неговата исхрана се заснова на билки веќе подолго од 4 години и дека постојано игра на истото, високо ниво.

Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, но српскиот тенисер не „бега“ од јаглехидратите. Неговиот ручек вообичаено се базира на паста и нудли, па така го снабдува телото со јаглехидрати, но секогаш станува збор за безглутенски тестенини.

Кога станува збор за слатките, позната е анегдотата кога по освојување на турнирот во Австралија во 2012 година, одеднаш му се пријало чоколадо, но изел само една коцка, а остатокот од таблата останал недопрен. Но, затоа на теренот при рака секогаш има урми кои се одлични поради нискиот гликемиски индекс. Од овошје богато со шеќер консумира и банани, а секој ден консумира и две лажици манука мед. Во неговата исхрана голема улога играат и јаткастите плодови и семињата.

Токму ова се состојките на колачите на Јелена - намирница која секогаш ја имаат во фрижидерот.

„Можете да експериментирате и сами. Помешајте мелени јаткасти плодови по вкус, додајте урми, кокосово масло и некои бобинки како јагоди, малини... Какаото и индиските ореви се исто така одлични додатоци. Од смесата формирајте бомбици и оставете ги во фрижидер да се стегнат“, советува сопругата на Новак.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk