(Видео) Ерупцијата на вулканот во Исланд - спектакл за туристите кои го опседнуваат островот

Макфакс

19/09/2021

11:09

19.531

Големина на фонт

а а а

Денеска се навршуваат шест месеци од ерупцијата на вулканот што ги фасцинира набљудувачите во близина на главниот град на Исланд, Рејкјавик, јавуваат локалните медиуми.

Првата лава почна да излегува од кратерот на вулканот „Фаградалсфјал“ на 19 март оваа година.

Повеќемесечниот спектакл, кој варира од бавен проток на лава до подраматична ерупција на грутки, е голема туристичка атракција што досега привлече повеќе од 300.000 посетители.

Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од главниот град. Тоа е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во половина век.

„Шест месеци е прилично долга ерупција“, вели вулканологот Торвалдур Тордарсон.

Сепак, количината на исфрлена лава досега, 143 милиони кубни метри, не е ни блиску до рекордот.

„Ерупцијата е посебна во однос на релативно бавниот и стабилен проток на лава“, објасни геофизичарот Халдор Геирсон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг