Новиот директор на познатиот автомобилски бренд: „Продавам „Alfa Romeo“, не „iPad“ со автомобил околу него“

Супермен

23/09/2021

16:20

8.838

Големина на фонт

а а а

Новиот директор на „Alfa Romeo“, Жан-Филип Импарато изјави дека смета дека автомобилите на компанијата треба секогаш да се насочени кон возачот, што значи дека треба да ги имаат најмалите можни екрани.

„Alfa Romeo“ има посебна позиција во автомобилскиот свет. Возачот е централна фигура и околу него треба да има што е можно помалку екрани. Не продавам „iPad“ со автомобил околу него, продавам „Alfa Romeo“, изјавил Импарато за францускиот „Caradisiac“.


Дури и во ова доба на премин кон електрични автомобили, директорот на „Alfa Romeo“ планира и понатаму да испорачува привлечно возачко искуство и фокус на автомобилот околу возачот, кој го смета за клучен елемент за успех на овој бренд.


Импарато веќе донесе некои големи одлуки за компанијата. Некои од нив вклучуваат откажување од платформата „Giorgio“ со заден погон во корист на архитектурата „Stellantis STLA“. Станува збор за платформа која е осмислена поради претстојните „Maserati“ лимузини и теренци, па со неа се очекува и многу „шарм“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk