Кинезите се "закана" за “Римац”: Пристигнува "Farnova Othello" со 1.835 коњски сили

Точка

30/09/2021

22:03

34.866

Големина на фонт

а а а

До "стотка" ќе забрзува за 1,8 секунди, со максимална брзина до 420 км/ч.

Од Кина доаѓаат вести за уште еден целосно електричен хиперавтомобил на новооснованиот произведувач - кинеската компанија "Farnova Automotive".

"Othello" е претставен во фаза на прототип со неверојатни 1.835 коњски сили. Компанијата најавила производство на 200 примероци од 2022-ра година, кои ќе се продаваат по цена 1.86 милиони јуани или околу 250.000 евра.


"Othello" користи механичка основа преземена од спортскиот "Qiantu K50", што е резултат на договорот меѓу "Farnova Automotive" и "Qiantu Motors".

Освен заедничката основа, двата автомобили, што се однесува до стилот и перформансите, во целост се различни.


Кинескиот прототип има два електромотори кои во комбинација произведуваат 1.835 коњски сили и дури 12.000 Nm вртежен момент.

До "стотка" забрзува за 1,8 секунди, на патот до максималната брзина од 420 км/ч. До 300 км/ч. потребни му се 8,5 секунди.


Батеријата со капацитет 75 кЊх нуди автономија од 600 километри.

Хиперавтомобилот има модерна надворешност, со врати кои се отвораат нагоре, долг е 467 цм, ширината изнесува 208 цм, а висината е само 115 цм.


Масата на празно возило изнесува 1.350 килограми.

Компанијата најавува почеток на производството за 2022-ра година во новата фабрика во градот Чангду.




Спонзорирани линкови

Маркетинг