Витаминска бомба идеална за овој период од годината: Еве кои сè придобивки ги има синиот домат

Точка

27/10/2021

09:57

9.836

Големина на фонт

а а а

Необичен зеленчук кој нуди единствени здравствени придобивки.

Синиот домат помага во превенција на остеопороза, ги ублажува симптомите на анемија, ги подобрува когнитивните функции и здравјето на кардиоваскуларниот систем.


Го штити зравјето од дигестивниот систем, поттикнува слабеење, помага во подобра контрола на дијабетесот, го регулира нивото на стрес и може да го намали ризикот од појавување на рак.

Неверојтно лековитите својства на синиот домат доаѓаат токму од неговите нутритивни вредноси. Во составот на синиот домат има витамин Ц, К, Б6, Б1, ниацин, магнезиум, фосфор, бакар, диетални влакна, фолна киселина, калиум и манган.

Дигестивен систем

Синиот домат, исто како и другите видови зеленчуци, е одличен извор на диетални влакна. Диеталните влакна се клучни за добро и урамнотежено варење, спречување на болести и нарушувања на дигестивниот систем. Влакната го стимулираат ослободувањето на гастричните сокови кои ја олеснуваат апсорпцијата и разградувањето на хранливите материи. Влакната се поврзани и со намален ризик од срцеви заболувања, бидејќи го намалуваат нивото на лошиот холестерол.


Слабеење

Со оглед на тоа дека синиот домат речиси воопшто не содржи масти и холестерол, одличен избор е за оние кои сакаат да ослабнат. Влакната поттикнуваат чувство на ситост и го регулираат ослободувањето на хормони кои го зголемуваат апетитот. Регулирањето на апетитот е еден од најважните чекори во процесот на слабеење.

Превенција од рак

Синиот домат е одличен извор на антиоксиданси кои го штитат телото од низа различни болести и пореметувања. Содржи витамин Ц, кој го зајакнува имуниот систем и поттикнува ослободување на белите крвни зрнца. Тие се одличен извор на магнан, природен антиоксиданс и есенцијален минерал. Слободните радикали ги напаѓаат здравите клетки и го зголемуваат ризикот од појава на рак, а антиоксидансите се тие кои ги штитат клетките од штетното дејство на слободните радикали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг